Графикон е графичко претставување на нумеричка табела.
Видови графикони
Кога се што е потребно е пресметано и табелата е визуелно уредена, OOo Calc нуди можност за графичко претставување на податоците со креирање графикон. Постои приличен број претходно дефинирани видови на графикони. Кој графикон ќе се избере зависи од видот на податоците и начинот на кој треба тие да се претстават, секако може да се внесат и разни измени. Основни групи на графикони се дадени во подолу.
Сл. 1 Вертикални колони |
Вертикални колони. Овој вид графикони се користи за да се истакнат разликите помеѓу одделни вредности.
Сл.2 Хоризонтални ленти |
Хоризонталните ленти. Овој вид на графикон се користи за споредување на вредности во даден момент на времето.
Сл.3 Пита |
Сл.4 Области |
Области. Овој вид графикони се употребува за да се истакнат количествата на промени на вредности во однос на времето.
Креирање графикони
Графиконите се креираат со помош на волшебникот за креирање графикони. Овој волшебник се повикува со
- Низата наредби Вметнување>Графикон...
- или со активирање на алатката Графикон во стандардната лента со алатки.
Без разлика на начинот на повикување на волшебникот, за да се креира графикон потребно е да се извршат следните дејствија:
- Се селектираат податоците што треба да се претстават со графикон. Ако е потребно во графиконот да се вклучат и насловите на колоните и редовите во табелата во која се претставени податоците се селектираат и тие.
- Се повикува Волшебникот за графикони на еден од погоре посочените 2 начини.
- Во појавениот прозорец за дијалог Волшебник за графикони
Сл.6 Волшебник за графикони |
се реализираат следните 4 чекори:
- Во првиот чекор Тип на графикон се избира видот на графиконот како и некоја од неговите варијации-поттип. Се кликнува на копчето Следно по што се појавува вториот чекор.
- Вториот чекор Опсег на податоцидава дополнителна можност за одредување на областа од која се земаат податоците. Во текст рамката Опсег на податоци таа може да се промени со внесување на вредности со тастатурата. Корисникот може да го промени начинот на прикажување на податоците кој може да биде во редови или колони.
- Во третиот чекор Низи податоци се прикажани сериите од податоци и опсегот со податоците кои се вклучени. Тука може да се додадат или отстранат податоци.
- Четвртиот чекор Елементи на графиконот служи за внесување на насловот, поднасловот, ознаките на XY оската, дали оските да содржат линии или мрежи и позицијата на легендата за графиконот. Кога овие податоци ќе бидат внесени се кликнува на копчето Заврши, по што графиконот ќе биде креиран и поставен на работниот лист.