Monday, September 2, 2013

Почеток на новата учебна 2013/2014 година

Драги ученици,
Ви го честитам почетокот на новата учебна 2013/2014 година.


Прирачникот за изборниот предмет Програмирање во VIII-мо 9-годишно одделение може да се превземе од следната URL-адреса
http://bro.gov.mk/?q=priracnici-za-nastava-po-izbornite-predmeti
или побрзо и поедноставно со кликнување тука.
Прирачникот е неопоходен за успешно совладување на наставниот материјал по изборниот предмет Програмирање.

Monday, April 29, 2013

Резултати од интерниот училишен натпревар за VI-то одделение на тема “Уреден и еколошки училишен двор“


Драги ученици,
Со ваша помош, со гласање за најдобрите 3 видео фајлови од најтесниот избор на најдобрите видео фајлови направен од мене од сите пристигнати видео фајлови на интерниот училишен натпревар за VI-то одделение на тема Видео фајл за “Уреден и еколошки училишен двор“, Ве информирам дека победници се видео фајловите на учениците:
  • Тимчевски Иван од VIг одделение
  • Вукановиќ Мартина VIг одделение
  • Станковска Милица VIв одделение
  • Славковска Тамара VIг одделение
  • Младеновска Ивана VIб одделение
Честитки до победниците, а на останатите ученици кои учествуваа со свој видео фајл на  интерниот училишен натпревар за VI-то одделение на тема “Уреден и еколошки училишен двор“, им се заблагодарувам за учеството со напомена дека имаат една оценка корегирано од практична проверка (ако воопшто имаат потреба од корекција на нивната оценка по наставниот предмет Информатика ;-)).





Monday, April 8, 2013

Информација за ученици од VI-то одделение

Драги ученици од VIа, VIб, VIв, VIг одделение,
Ве информирам дека интерниот натпревар на тема “Уреден и еколошки училишен двор“ трае најдоцна до 12.4.2013 година (петок). 
До 12.4.2013 година (петок)  имате можност преку изработка на сопствен видео фајл со вметнати во него барем 4 сопствени цртежи креирани во програмата за битмапирана компјутерска графика да земете учество на истиот.
Најдобрите творби ќе бидат презентирани и во училиштето и на блогов.
Ги очекувам вашите e-mail пораки со вашите творби.

Еко лого за ОУ “Магдалена Антова“

Драги ученици, иако со мало задоцнување Ве информирам дека Еко логото на нашето училиште е дело на нашиот ученик Стојановски Мишо од VII-1 одделение.
Авторот на Еко логото заедно со уште неколку наши ученици имавте можност да ги гледате во емисијата  „Ѕвон“ мината недела.
Се надевам дека во иднина ќе имаме уште неколку успешни претставувања на нашите ученици на поширокиот аудиториум.

Monday, February 11, 2013

Информација за задолжителна домашна задача за VII-мо 9-год. одделение ИНформатика

Секој ученик до VII-мо 9-годишно одделение по наставниот предмет Информатика има обврска најдоцна до 1.3.2013 година да креира свој Веб-дневник со следна адреса
ou-ma-презиме-име-одделение
и на овој пост да постави коментар со следна содржина
Ученик Презиме Име одделение
адреса на својот Веб-дневник (ou-ma-презиме-име-одделение)
   каде што одделение е во обликот vii-број (на пример: vii-1, vii-2, vii-3).

Напомена:
Само за паралелката VII-2 крајниот рок за креирање на сопствен Веб-дневник и поставување на свој коментар на овој пост е 11.3.2013 година (заради подоцнежна реализација на наставните часови По Наставниот предмет Информатика).