Friday, March 22, 2019

IDE на програмски јазик Scratch

Интегрирана околина на програмскиот јазик Scratch


Информцијаз VII оделение

ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ
·       Формулите се математички изрази во кои се користат броеви, адреси на ќелии (клетки) и математички симболи (+,-,*,/ и др.).
·       Функции се готови формули кои имаат име.
На пример SUM, MIN, MAX, Average.
Пред формулите и функциите кои се внесуваат во ќелија (клетка) мора да се впише знакот =.
Во спротивно запишаниот израз ќе биде обичен текст.
Со промена на вредноста во ќелии (клетки) се менува и вредноста на формулите и функциите во кои се користат тие ќелии (клетки)
Тоа се вика ДИНАМИЧКО табеларно пресметување.
Пример за формула: =2*А3-(4*В12)
Пример за функција: =MAX(А2,А3,В1:В10)

Saturday, February 16, 2019

Програмски јазик Скреч (Scratch)


Програмски јазик Скреч (Scratch) е визуелен виши програмски јазик со кој се креираат интересни приказни, анимации, игри. 
Скреч е и името за графичкото опкружување за развој и публикување на  програмите пишувани со програмски јазик Скреч. 
Програмирањето во Скреч се базира врз правење на проекти со помош на објекти, наречени фигури.

Посетете ја URL-адресата

за да најдете потребни материјали за програмски јазик Скреч (инсталационен file, online-креирање програми во програмски јазик Скреч, готови програми во програмски јазик Скреч и разни туториали за програмски јазик Скреч).

Интегрирана околина за програмирање

За да ги пишува и развива своите програми програмерот користи група на програми кои ја сочинуваат таканаречената интегрирана околина за програмирање.



Интегрирана околина за програмирање се состои од едитор, компајлер (интерпретер), библиотека на готови програми и дебагер. 

Овие програми може да бидат посебни или меѓусебно поврзани – интегрирани во една програма која се вика интегрирана развојна околина (Integrated Development Environment - IDE) за програмскиот јазик.



Програмски едитор е специјално дизајниран текстуален едитор во IDE каде се пишува изворниот код на програмата. Најчесто програмските едитори овзможуваат синтаксичко маркирање во различна боја, автоматско порамнување на исказите, автоматско комплетирање при пишување на исказите, синтаксни проверки, спарување на загради и сл. 

Во едиторот на програмскиот јазик се пишува изворната програма која што компајлерот ја преведува во извршна програма (на машински јазик) за да може компјутерот да ја разбере и изврши.


Дебагерот ја проверува програмата, од почеток до крај, дали има грешки и доколку најде грешка во програмата прикажува соодветна порака за најдената грешка.


Библиотека на готови програми претставува колекција од веќе напишани мали често користени програми во програмската околина. Има графички, математички библиотеки и сл. Овие библиотечни програми може да бидат повикани и извршени од новонапишаната програма со што им се олеснува на програмерите и се скратува времето на развивањето на новата програма.

Програмски јазик е вештачки јазик и се користи за пишување програми, односно софтверот на компјутерот.

Компјутерско програмирање се дефинира како процес на создавање на компјутерска програма сокористење на програмски јазик. 

Во почетокот програмските јазици личеле и по логиката на програмирањето биле слични со машинскиот јазик (машинскиот јазик се состои од наредби кои се изразуваат само со нули и единици т.е. само со бинарни цифри). Тоа се симболички програмски јазици. Наместо да се учи мајчиниот јазик на компјутерот (машински јазик), развиени се виши програмски јазици кои имаат приказ на наредби слични на секојдневниот јазик. Пример: Scratch, Basic, Pascal, C (C++), Visual Basic, Java.

Луѓето кои ги креираат (пишуваат) компјутерските програми се викат програмери.

Ние на часовите по Информатика во VI одделение ќе програмираме во програмски јазик Скреч (Scratch).