Tuesday, June 9, 2020

Информација за 6 одделение Информатика

Драги ученици од 6 одделение, оценка за денес испратените презентации за Интернет, утре во посочениот термин за Вашиот онлајн час по Информатика во Вашата група за Информатика.

Monday, June 8, 2020

Информација за 8 одделение Програмирање

Драги ученици од 8 одделение, ќе имаме консултации утре вторник, 9 јуни 2020 година, во 15:00 во Вашата група за Програмирање.

Thursday, June 4, 2020

Важна информација за 6 одделение Информатика

Драги ученици од 6 одделение кои бевте отсутни на денешните консултации, во Вашата група денес поставив важно Известување, прочитајте го и погледнете ја табелата со резултатите од Квизот на 29 мај и 1 јуни 2020 година и неговата надокнада на 2 јуни и 3 јуни 2020 година.

Wednesday, June 3, 2020

8 одделение Програмирање За успешно програмирање во С++

Драги ученици од 8 одделение, доколку сакате да ги проширите стекнатите вештини во програмирање, Ви ја препорачувам електронската платформа mendo.mk, на која покрај деталните туториали имате и опции за тренинг и проверка на стекнатите вештини во програмирање во програмскиот јазик С++.

Tuesday, June 2, 2020

6 одделение Важна информација за 6 одделение Информатика

Драги ученици од 6 одделение, кој од Вас беше отсутен на последниот онлајн час по Информатика (во петок 29 мај 2020 година - 6а и 6г одделение,  во понеделник 1 јуни 2020 година - 6в одделение), Квизот ќе го реализира следниот онлајн час (6а и 6г во среда 3 јуни 2020 година, а 6в одделение во четврток 4 јуни 2020 година) во модифициран облик од 5 прашања кои што ќе ги добие во лична порака и за време на самиот онлајн час, за посочено време ќе ги одговори 5-те прашања преку лична порака до мене.
Додатна шанса за надокнада на пропуштениот Квиз освен погоре посочената, нема да има, затоа не отсуствувајте пак.

Monday, June 1, 2020

8 одделение Програмирање За онлајн едитор за програмски јазик С++

Драги ученици од 8 одделение, покрај двата онлајн едитора за програмскиот јазик С++, кои Ви ги посочив во текот на последниот онлајн час во петок 29 мај 2020 година во Вашата група, може да користите и друг онлајн едитор за програмски јазик С++ за креирање на едноставна кратка програма, на пример еден или и двата од посочените 2 примери на програмски кодови во програмскиот јазик С++.

Thursday, May 28, 2020

6 одделение Информатика Важна информација за утрешниот Квиз

Драги ученици од 6-одделение, во Вашата група Ви поставив детално Известување за утрешниот Квиз по Информатика, кој наставен материјал ќе се опфати со Квизот, колку прашања ќе содржи Квизот, од кој вид се прашањата, бодовната скала и начинот на одговарање на прашањата од Квизот.
Прочитајте го целосно Известувањето и не доцнете на утрешниот онлајн час по Информатика.

Wednesday, May 27, 2020

7 одделение Резиме на испратените презентации

Драги ученици од 7 одделение, оценката за испратените програми и презентации до денес, 27 мај 2020 година за која во мејлот со одговор Ви посочив дека ќе Ви ја соопштам преку пост:

Tuesday, May 26, 2020

8 одделение Програмирање Резиме за подредување на низа

Кратко резиме на последните два онлајн часа за подредување на вредностите на членовите на еднодимензионална низа.
Потребни променливи:
Програмски код за приказ на внесени беподредени вредности во низа:
Програмски код за подредување од најголемата до најмалата вредност на членовите во низата:
Програмски код за приказ на подредените вредности на членовите на низата:
Напомена:
На следниот онлајн час ќе направиме детално резиме на неколку блока меѓу кои и блокот Join.

Friday, May 22, 2020

8 одделение Програмирање Подредување вредности во низа

Кога во програмскиот јазик Scratch треба да примениме замена на бројчаните вредности на 2 члена во еднодимензионална низа, програмскиот код
се заменува со соодветните блокови за еднодимензионална низа
каде i и j се соодветните индекси на два последователни члена во еднодимензионалната низа.
Заклучок
Со примена на програмскиот код за замена на вредностите на два последователни члена во низа во соодветната структура за избор
ја креираме соодветната структура за повторуваење циклус за поминување низ целата низа и подредување на вредностите на нејзините членови.

Thursday, May 21, 2020

6 одделение Информатика Електронска пошта

 Напомени

Домашната задача ќе биде поставена на самиот онлајн час по Информатика.

Wednesday, May 20, 2020

8 одделение Програмирање Програма за подредување

Кај денешните аркадни игри штом ја завршиме играта, веднаш добиваме информација на кое место сме според постигнатиот скор, освоените поени.
За да можеме и ние да направиме и посложена компјутерска игра, која штом ја изиграме веднаш ќе добиеме информација на кое место сме со постигнатиот наш скор во однос на претходните играчи на играта, во текот на оваа работна седмица првин ќе ги совладаме постапките на подредување на постигнатите скорови, како подредување на броеви од најголемиот број до најмалиот број, а потоа ќе преминеме на практична примена на подредувањето во посложена програма како пример во нашата компјутерска игра.
Првин најлесно:
Малку потешко:


Најтешко:
Значи за внесени, на пример 5 скора, 5 броја со низа
да ги добиеме подредени
Во текот на онлајн часовите оваа работна седмица ќе ги, детално и целосно, усвоиме следните блокови за низа

Tuesday, May 19, 2020

7 одделение Информација за домашната практична задача

Драги ученици од 7 одделение иако домашната практична задача зададена на одржаниот онлајн час со Вашето одделение, вчера во групата за 7-мо одделение за Информатика е детално објаснета во поставеното Известување за време на онлајн часот, заради повеќето исти прашања за неа, Ве информирам дека ќе имаме групни консултации во четврток 21 мај 2020 година во 16:00 часот во групата за 7-мо одделение за наставниот предмет Информатика.
Напомена
Нема поместување на крајниот рок за испраќање, останува среда 27 мај 2020 година.  

Monday, May 18, 2020

6 одделение Сурфање и пребарување на Интернет

Кога сурфаме на Интернет користиме програма Веб прелистувач.


Домашна задача
Препиши и одговори ги следните прашања:


Thursday, May 14, 2020

6 одделение Пребарување на Интернет

Најважните поими во пребарување на Интернет



Мал пример како изгледа пребарување по клучни зборови во пракса
Домашна задача

Wednesday, May 13, 2020

8 одделение Програмирање Блокови за низа

Драги ученици од 8 одделение за следниот онлајн час по Програмирање посебно ќе се осврнеме на следните блокови за еднодимензионална низа
и на нивната примена во структура за избор, на пример:
и во соодветен циклус, на пример:

Tuesday, May 12, 2020

8 одделение Програмирање Пример на посложена програма со низа

Пример на посложена програма со еднодимензионална низа која што ќе ја разгледаме детално на утрешниот онлајн час по Програмирање.

Monday, May 11, 2020

6 одделение Онлајн живеење Компјутерски мрежи

Драги ученици од 6 одделение, денес ја почнуваме последната наставна тема Онлајн живеење, која во учебникот по Информатика е претставена како 4-та наставна тема Интернет.

Домашна задача

7 одделение Онлајн живеење Блог

Драги ученици од 7 одделение, денес ја почнуваме последната наставна тема Онлајн живеење, која во учебникот по Информатика е претставена како прва наставна тема Веб-дневници.
Запознавање со Веб-дневник (блог)


Friday, May 8, 2020

Важна информација за 6 одделение Информатика

Учениците од 6а, 6б и 6г одделение кои
*  денес беа отсутни на онлајн часот по Информатика
или
* не испратија одговорен Квиз заради "технички проблеми" до 17:15  часот
можат да го надокнадат денес нереализираниот Квиз само преку изработка на практична задача детално објаснета во Известувањето поставено во групата за Информатика на конкретното одделение со нејзино испраќање најдоцна до вторник 12 мај 2020 година.

Thursday, May 7, 2020

6 одделение Совети за успешна кратка презентација

Како да направиме кратка презентација, не е подолга од 6 слајда, а да е успешна презентација?

Wednesday, May 6, 2020

Информација за 7 одделение за реализација на пропуштениот Квиз

Ученици од 7 одделение кои не го реализиравте Квизот на онлајн часот на 27 април 2020 година, заради Ваше отсуство на онлајн часот или некои технички проблеми при навремено испраќање на одговорите од Квизот, во групата за 7-мо одделение Информатика денес Ви поставив Известување со детални упатства како да го надоместите пропустот со Квизот од 27  април 2020 година.
Прочитајте го целосно и детално Известувањето и постапете според напишаните упаства и насоки со запазување на посочениот краен временски рок понеделник 11 мај 2020. 
Напомена
Имате доволно време за реализација на поставената задача, доколку имате потреба од консултации, испратете мејл до мојата e-mail адреса или лична порака на Messenger,  не во групата за 7-мо одделение Информатика,  и не чекајте до недела 10 мај за консултации.

Tuesday, May 5, 2020

8 одделение Програмирање Примери на посложени алгоритми и програми

За да можеме да креираме програми за посложени проблемски ситуации со примена на низа,
на пример подредување на вредности на членови во низа со нумерички вредности, наоѓање максимална, минимална вредност или конкретна вредност меѓу членовите во низа,
во текот на оваа работна седмица подетално ќе ги обработиме блоковите за низа.

Напомена
Ова е само дел од блоковите кои ќе ги работиме на онлајн часовите по наставниот предмет Програмирање од среда 6.5.2020 до петок 8.5.2020 година.

Monday, May 4, 2020

7 одделение Резиме на поминатите блокови

За да можеме да направиме аркадна мултимедијална игра со 2 играчи и со повеќе нивоа на тежина, првин ќе направиме кратко резиме на поминатиот наставен материјал во тековната наставна тема.