Sunday, May 22, 2022

Детално објаснување на поважните блокови за низа

 За полесно усвојување на тековниот наставен материјал во изборен наставен предмет Програмирање во 8 одделение, поставен е краток осврт на функцијата на поважните блокови за низа во програмскиот јазик Scratch 

и во постарата верзија 1.4 која е преведена на македонски јазик (блокот лево) 

и онлајн верзијата 2.0 (блокот десно):



Sunday, May 8, 2022

Препорака за 7 одделение за резиме за поминатиот наставен материјал во тековната наставна тема во наставниот предмет Информатика

 За полесно усвојување на поминатиот наставен материјал за Структура за повторување циклус во тековната наставна тема во 7 одделение Информатика, и резиме на веќе поминатиот наставен материјал во тековната наставна тема, Ви препорачувам да ги погледнете следните видео лекции од eduino.gov.mk платформа


Thursday, April 7, 2022

Препорака за 7 одделение за последната лекција во наставниот предмет Информатика

 За полесно усвојување на поминатиот наставен материјал за Структура за избор во тековната наставна тема во 7 одделение Информатика, Ви препорачувам да ги погледнете следните видео лекции  од eduino.gov.mk платформа

Споредбени изрази Структура за избор од две можности

https://youtu.be/fTNTOrx144o

https://youtu.be/how-gvsSvwI

https://youtu.be/N2M5ocaZ4C8

Monday, April 4, 2022

Видео лекции од eduino.gov.mk платформа за тековната наставна тема во 6 одделение Информатика

Препорака за 6 одделение за наставниот предмет Информатика

 За полесно усвојување на поминатиот наставен материјал во тековната наставна тема во 6 одделение Информатика, Ви ги препорачувам следните видео лекции  од eduino.gov.mk платформа, кои ги користевме на поминатите наставни часови по Информатика





Thursday, October 14, 2021

Го одбележуваме нашиот патронен празник

 Денес, 14 октомври 2021, го одбележуваме патрониот празник на нашето училиште ООУ “Магдалена Антова“ н. Карпош - Куманово.

По тој повод нашето училиште, почитувајќи ги здравствените протоколи, наместо со вообичаената приредба, изготви презентација за учебната 2020/2021 година во ООУ “Магдалена Антова“.

Овде ќе поставам само линк до краткото видео од презентацијата, во кое нема да има преглед на целоснатата содржина на секој слајд со сите зададени анимациски ефекти.

https://www.youtube.com/watch?v=LmK9SzgBPoY

Tuesday, June 9, 2020

Информација за 6 одделение Информатика

Драги ученици од 6 одделение, оценка за денес испратените презентации за Интернет, утре во посочениот термин за Вашиот онлајн час по Информатика во Вашата група за Информатика.

Monday, June 8, 2020

Информација за 8 одделение Програмирање

Драги ученици од 8 одделение, ќе имаме консултации утре вторник, 9 јуни 2020 година, во 15:00 во Вашата група за Програмирање.

Thursday, June 4, 2020

Важна информација за 6 одделение Информатика

Драги ученици од 6 одделение кои бевте отсутни на денешните консултации, во Вашата група денес поставив важно Известување, прочитајте го и погледнете ја табелата со резултатите од Квизот на 29 мај и 1 јуни 2020 година и неговата надокнада на 2 јуни и 3 јуни 2020 година.

Wednesday, June 3, 2020

8 одделение Програмирање За успешно програмирање во С++

Драги ученици од 8 одделение, доколку сакате да ги проширите стекнатите вештини во програмирање, Ви ја препорачувам електронската платформа mendo.mk, на која покрај деталните туториали имате и опции за тренинг и проверка на стекнатите вештини во програмирање во програмскиот јазик С++.

Tuesday, June 2, 2020

6 одделение Важна информација за 6 одделение Информатика

Драги ученици од 6 одделение, кој од Вас беше отсутен на последниот онлајн час по Информатика (во петок 29 мај 2020 година - 6а и 6г одделение,  во понеделник 1 јуни 2020 година - 6в одделение), Квизот ќе го реализира следниот онлајн час (6а и 6г во среда 3 јуни 2020 година, а 6в одделение во четврток 4 јуни 2020 година) во модифициран облик од 5 прашања кои што ќе ги добие во лична порака и за време на самиот онлајн час, за посочено време ќе ги одговори 5-те прашања преку лична порака до мене.
Додатна шанса за надокнада на пропуштениот Квиз освен погоре посочената, нема да има, затоа не отсуствувајте пак.

Monday, June 1, 2020

8 одделение Програмирање За онлајн едитор за програмски јазик С++

Драги ученици од 8 одделение, покрај двата онлајн едитора за програмскиот јазик С++, кои Ви ги посочив во текот на последниот онлајн час во петок 29 мај 2020 година во Вашата група, може да користите и друг онлајн едитор за програмски јазик С++ за креирање на едноставна кратка програма, на пример еден или и двата од посочените 2 примери на програмски кодови во програмскиот јазик С++.

Thursday, May 28, 2020

6 одделение Информатика Важна информација за утрешниот Квиз

Драги ученици од 6-одделение, во Вашата група Ви поставив детално Известување за утрешниот Квиз по Информатика, кој наставен материјал ќе се опфати со Квизот, колку прашања ќе содржи Квизот, од кој вид се прашањата, бодовната скала и начинот на одговарање на прашањата од Квизот.
Прочитајте го целосно Известувањето и не доцнете на утрешниот онлајн час по Информатика.

Wednesday, May 27, 2020

7 одделение Резиме на испратените презентации

Драги ученици од 7 одделение, оценката за испратените програми и презентации до денес, 27 мај 2020 година за која во мејлот со одговор Ви посочив дека ќе Ви ја соопштам преку пост:

Tuesday, May 26, 2020

8 одделение Програмирање Резиме за подредување на низа

Кратко резиме на последните два онлајн часа за подредување на вредностите на членовите на еднодимензионална низа.
Потребни променливи:
Програмски код за приказ на внесени беподредени вредности во низа:
Програмски код за подредување од најголемата до најмалата вредност на членовите во низата:
Програмски код за приказ на подредените вредности на членовите на низата:
Напомена:
На следниот онлајн час ќе направиме детално резиме на неколку блока меѓу кои и блокот Join.

Friday, May 22, 2020

8 одделение Програмирање Подредување вредности во низа

Кога во програмскиот јазик Scratch треба да примениме замена на бројчаните вредности на 2 члена во еднодимензионална низа, програмскиот код
се заменува со соодветните блокови за еднодимензионална низа
каде i и j се соодветните индекси на два последователни члена во еднодимензионалната низа.
Заклучок
Со примена на програмскиот код за замена на вредностите на два последователни члена во низа во соодветната структура за избор
ја креираме соодветната структура за повторуваење циклус за поминување низ целата низа и подредување на вредностите на нејзините членови.

Thursday, May 21, 2020

6 одделение Информатика Електронска пошта

 Напомени

Домашната задача ќе биде поставена на самиот онлајн час по Информатика.

Wednesday, May 20, 2020

8 одделение Програмирање Програма за подредување

Кај денешните аркадни игри штом ја завршиме играта, веднаш добиваме информација на кое место сме според постигнатиот скор, освоените поени.
За да можеме и ние да направиме и посложена компјутерска игра, која штом ја изиграме веднаш ќе добиеме информација на кое место сме со постигнатиот наш скор во однос на претходните играчи на играта, во текот на оваа работна седмица првин ќе ги совладаме постапките на подредување на постигнатите скорови, како подредување на броеви од најголемиот број до најмалиот број, а потоа ќе преминеме на практична примена на подредувањето во посложена програма како пример во нашата компјутерска игра.
Првин најлесно:
Малку потешко:


Најтешко:
Значи за внесени, на пример 5 скора, 5 броја со низа
да ги добиеме подредени
Во текот на онлајн часовите оваа работна седмица ќе ги, детално и целосно, усвоиме следните блокови за низа

Tuesday, May 19, 2020

7 одделение Информација за домашната практична задача

Драги ученици од 7 одделение иако домашната практична задача зададена на одржаниот онлајн час со Вашето одделение, вчера во групата за 7-мо одделение за Информатика е детално објаснета во поставеното Известување за време на онлајн часот, заради повеќето исти прашања за неа, Ве информирам дека ќе имаме групни консултации во четврток 21 мај 2020 година во 16:00 часот во групата за 7-мо одделение за наставниот предмет Информатика.
Напомена
Нема поместување на крајниот рок за испраќање, останува среда 27 мај 2020 година.  

Monday, May 18, 2020

6 одделение Сурфање и пребарување на Интернет

Кога сурфаме на Интернет користиме програма Веб прелистувач.


Домашна задача
Препиши и одговори ги следните прашања: