Wednesday, February 22, 2012

Информација за VII одделение

Заради непланираниот прекин на редовната настава заради лошите временски услови, од среда 08.02.2012 година до четврток 16.02.2012 година, има промена во најавената проверка на усвоените знаења во изборниот наставен предмет Програмирање. 

Конкретно, наредната недела паралелките 7а, 7б, 7г одделение имаат практична проверка на компјутер и тоа 7г одделение на 28.02.2012 година, 7а и 7б одделение на 01.03.2012 година, додека паралелката 7в одделение практичната проверка на компјутер ќе ја имаат на 07.03.2012 година.

Saturday, September 17, 2011

Основи на Информатика

Како мала помош во успешно совладување на првата наставна тема Основи на Информатиката во наставниот предмет Информатика за VI-то 9-годишно одделение, Ви креирав мал квиз за вежбање.
За да го погледнете и решите кликнете тука.
 Се надевам дека ќе Ви се допадне.

Monday, September 12, 2011

Прирачник за изборниот предмет Програмирање

Во учебната 2011/2012 година во VIII-мо 9-годишно одделение ќе се изучува изборен предмет Програмирање.
Прирачникот за изборниот предмет Програмирање може да се превземе од следната URL-адреса
http://bro.gov.mk/?q=priracnici-za-nastava-po-izbornite-predmeti
или побрзо и поедноставно со кликнување тука.
Прирачникот е неопоходен за успешно совладување на наставниот материјал по изборниот предмет Програмирање.

Thursday, August 25, 2011

Поздрав до нашите ученици

Се наближува почетокот на учебната 2011-2012 година.
Се надевам дека имавте убав и релаксирачки летен распуст.
Ви посакувам успешна 2011-2012 учебна година.
Се гледаме на часовите по Информатика и Програмирање.

Посебен поздрав до членовите на УТТП при  ОУ “Магдалена Антова“ од нивниот ментор.

Saturday, May 7, 2011

Графикон во табеларен пресметувач OOo Calc

Графикон е графичко претставување на нумеричка табела. 

Видови графикони

Кога се што е потребно е пресметано и табелата е визуелно уредена, OOo Calc нуди можност за графичко претставување на податоците со креирање графикон. Постои приличен број претходно дефинирани видови на графикони. Кој графикон ќе се избере зависи од видот на податоците и начинот на кој треба тие да се претстават, секако може да се внесат и разни измени. Основни групи на графикони се дадени во подолу.
 Сл. 1 Вертикални колони
Вертикални колони. Овој вид графикони се користи за да се истакнат разликите помеѓу одделни вредности.
 Сл.2 Хоризонтални ленти
Хоризонталните ленти. Овој вид на графикон се користи за споредување на вредности во даден момент на времето.

Сл.3 Пита
Пита. Овој вид на графикони се употребува за да се прикаже врската помеѓу деловите од целината.
Сл.4 Области

Области. Овој вид графикони се употребува за да се истакнат количествата на промени на вредности во однос на времето.
Креирање графикони

Графиконите се креираат со помош на волшебникот за креирање графикони. Овој волшебник се повикува со
  • Низата наредби Вметнување>Графикон...
  • или со активирање на алатката Графикон   во стандардната лента со алатки.
Без разлика на начинот на повикување на волшебникот, за да се креира графикон потребно е да се извршат следните дејствија:
  • Се селектираат податоците што треба да се претстават со графикон. Ако е потребно во графиконот да се вклучат и насловите на колоните и редовите во табелата во која се претставени податоците се селектираат и тие.
  • Се повикува Волшебникот за графикони на еден од погоре посочените 2 начини.

  • Во појавениот прозорец за дијалог Волшебник за графикони


Сл.6 Волшебник за графикони
се реализираат следните 4 чекори:
  • Во првиот чекор Тип на графикон се избира видот на графиконот како и некоја од неговите варијации-поттип. Се кликнува на копчето Следно по што се појавува вториот чекор.
  • Вториот чекор Опсег на податоцидава дополнителна можност за одредување на областа од која се земаат податоците. Во текст рамката Опсег на податоци таа може да се промени со внесување на вредности со тастатурата. Корисникот може да го промени начинот на прикажување на податоците кој може да биде во редови или колони.
  • Во третиот чекор Низи податоци се прикажани сериите од податоци и опсегот со податоците кои се вклучени. Тука може да се додадат или отстранат податоци.
  • Четвртиот чекор Елементи на графиконот служи за внесување на насловот, поднасловот, ознаките на XY оската, дали оските да содржат линии или мрежи и позицијата на легендата за графиконот. Кога овие податоци ќе бидат внесени се кликнува на копчето Заврши, по што графиконот ќе биде креиран и поставен на работниот лист.