Monday, February 11, 2013

Информација за задолжителна домашна задача за VII-мо 9-год. одделение ИНформатика

Секој ученик до VII-мо 9-годишно одделение по наставниот предмет Информатика има обврска најдоцна до 1.3.2013 година да креира свој Веб-дневник со следна адреса
ou-ma-презиме-име-одделение
и на овој пост да постави коментар со следна содржина
Ученик Презиме Име одделение
адреса на својот Веб-дневник (ou-ma-презиме-име-одделение)
   каде што одделение е во обликот vii-број (на пример: vii-1, vii-2, vii-3).

Напомена:
Само за паралелката VII-2 крајниот рок за креирање на сопствен Веб-дневник и поставување на свој коментар на овој пост е 11.3.2013 година (заради подоцнежна реализација на наставните часови По Наставниот предмет Информатика).

Wednesday, February 22, 2012

Информација за VII одделение

Заради непланираниот прекин на редовната настава заради лошите временски услови, од среда 08.02.2012 година до четврток 16.02.2012 година, има промена во најавената проверка на усвоените знаења во изборниот наставен предмет Програмирање. 

Конкретно, наредната недела паралелките 7а, 7б, 7г одделение имаат практична проверка на компјутер и тоа 7г одделение на 28.02.2012 година, 7а и 7б одделение на 01.03.2012 година, додека паралелката 7в одделение практичната проверка на компјутер ќе ја имаат на 07.03.2012 година.

Saturday, September 17, 2011

Основи на Информатика

Како мала помош во успешно совладување на првата наставна тема Основи на Информатиката во наставниот предмет Информатика за VI-то 9-годишно одделение, Ви креирав мал квиз за вежбање.
За да го погледнете и решите кликнете тука.
 Се надевам дека ќе Ви се допадне.

Monday, September 12, 2011

Прирачник за изборниот предмет Програмирање

Во учебната 2011/2012 година во VIII-мо 9-годишно одделение ќе се изучува изборен предмет Програмирање.
Прирачникот за изборниот предмет Програмирање може да се превземе од следната URL-адреса
http://bro.gov.mk/?q=priracnici-za-nastava-po-izbornite-predmeti
или побрзо и поедноставно со кликнување тука.
Прирачникот е неопоходен за успешно совладување на наставниот материјал по изборниот предмет Програмирање.

Thursday, August 25, 2011

Поздрав до нашите ученици

Се наближува почетокот на учебната 2011-2012 година.
Се надевам дека имавте убав и релаксирачки летен распуст.
Ви посакувам успешна 2011-2012 учебна година.
Се гледаме на часовите по Информатика и Програмирање.

Посебен поздрав до членовите на УТТП при  ОУ “Магдалена Антова“ од нивниот ментор.