Monday, January 30, 2017

Информација за VII-мо одделение

Задолжителна домашна задача за VII-мо одделение.
До 14.2.2017 година секој ученик од VII-мо одделение треба да креира мултимедијална поврзана презентација на тема Веб- дневник со барем 7 слајда која што покрај испринтана верзија предадена директно на редовен час по Информатика треба и да се испрати во дигитална форма на e-mail адресата на професорот по Информатика.
Домашната задача влегува во формирање на оценка по наставен предмет  Информатика за III-то тримесечие во учебната 2016/2017 година.

Thursday, September 1, 2016

Среќен и успешен почеток на учебната 2016/2017 година

Драги ученици,
Среќен и успешен почеток на учебната 2016/2017 година.

Wednesday, May 11, 2016

Информација за VI-то одделение

Креирањето ДОКУМЕНТ во текст процесор, а не цртеж или презентација, со содржина
Еко содржина 1.9 Упатства за рационално користење на водата
и негово предавање во принтана и дигитална форма е со термин до петок 13.5.2016 година.
Подоцна предадените во принтана форма и дигитално испратени по e-mail документи нема ниту да се прифатат ниту да се оценат.
Ве молам да го запазите веќе договорениот краен рок петок 13.5.2016 година.

Tuesday, March 15, 2016

Училишен натпревар по Информатика на ниво на 7-мо одделение

Училишниот натпревар по Информатика за 7-мо одделение ќе се реализира во среда 16.3.2016 година со почеток во 12:30 часот.
Среќно.

Monday, December 7, 2015

Учество во интернационалниот натпревар Дабар 2015

Со гордост Ви соопштуваме дека и нашето училиште учествуваше во интернационалниот натпревар Дабар 2015 во организација на ЗИМ.