Saturday, February 16, 2019

Интегрирана околина за програмирање

За да ги пишува и развива своите програми програмерот користи група на програми кои ја сочинуваат таканаречената интегрирана околина за програмирање.



Интегрирана околина за програмирање се состои од едитор, компајлер (интерпретер), библиотека на готови програми и дебагер. 

Овие програми може да бидат посебни или меѓусебно поврзани – интегрирани во една програма која се вика интегрирана развојна околина (Integrated Development Environment - IDE) за програмскиот јазик.



Програмски едитор е специјално дизајниран текстуален едитор во IDE каде се пишува изворниот код на програмата. Најчесто програмските едитори овзможуваат синтаксичко маркирање во различна боја, автоматско порамнување на исказите, автоматско комплетирање при пишување на исказите, синтаксни проверки, спарување на загради и сл. 

Во едиторот на програмскиот јазик се пишува изворната програма која што компајлерот ја преведува во извршна програма (на машински јазик) за да може компјутерот да ја разбере и изврши.


Дебагерот ја проверува програмата, од почеток до крај, дали има грешки и доколку најде грешка во програмата прикажува соодветна порака за најдената грешка.


Библиотека на готови програми претставува колекција од веќе напишани мали често користени програми во програмската околина. Има графички, математички библиотеки и сл. Овие библиотечни програми може да бидат повикани и извршени од новонапишаната програма со што им се олеснува на програмерите и се скратува времето на развивањето на новата програма.

Програмски јазик е вештачки јазик и се користи за пишување програми, односно софтверот на компјутерот.

Компјутерско програмирање се дефинира како процес на создавање на компјутерска програма сокористење на програмски јазик. 

Во почетокот програмските јазици личеле и по логиката на програмирањето биле слични со машинскиот јазик (машинскиот јазик се состои од наредби кои се изразуваат само со нули и единици т.е. само со бинарни цифри). Тоа се симболички програмски јазици. Наместо да се учи мајчиниот јазик на компјутерот (машински јазик), развиени се виши програмски јазици кои имаат приказ на наредби слични на секојдневниот јазик. Пример: Scratch, Basic, Pascal, C (C++), Visual Basic, Java.

Луѓето кои ги креираат (пишуваат) компјутерските програми се викат програмери.

Ние на часовите по Информатика во VI одделение ќе програмираме во програмски јазик Скреч (Scratch).

Sunday, December 30, 2018

Учество на интернационалниот натпревар Дабар 2018

Нашето училиште оваа учебна 2018/2019 година, 4-ти пат по ред, учествуваше на интернационалниот натпревар 2018.
Поздрав до нашите ученици- учесници на интернационалниот натпревар 2018 и честитки за одличните постигања на истиот од нивниот ментор Богатиновска Ирена.


Monday, September 3, 2018

Започна новата учебна 2018/2019 година

Нека ни е лесна и успешна новата учебна 2018/2019 година.


Monday, June 11, 2018

Започна летниот распуст

Поздрав до учениците на ООУ "Магдалена Антова" и Ви посакувам релаксирачки летен распуст.

Friday, April 13, 2018

Информација за VII-мо одделение

Задачите за практична проверка на наредните 2 наставни часа се:
-креирање и основно форматирање табела со податоци
-автоматско пополнување
-примена на формула/функција
-креирање и уредување графикон.
Термин за консултации е понеделник 16.4.2018 година пред часови.