Thursday, May 7, 2020

6 одделение Совети за успешна кратка презентација

Како да направиме кратка презентација, не е подолга од 6 слајда, а да е успешна презентација?

Wednesday, May 6, 2020

Информација за 7 одделение за реализација на пропуштениот Квиз

Ученици од 7 одделение кои не го реализиравте Квизот на онлајн часот на 27 април 2020 година, заради Ваше отсуство на онлајн часот или некои технички проблеми при навремено испраќање на одговорите од Квизот, во групата за 7-мо одделение Информатика денес Ви поставив Известување со детални упатства како да го надоместите пропустот со Квизот од 27  април 2020 година.
Прочитајте го целосно и детално Известувањето и постапете според напишаните упаства и насоки со запазување на посочениот краен временски рок понеделник 11 мај 2020. 
Напомена
Имате доволно време за реализација на поставената задача, доколку имате потреба од консултации, испратете мејл до мојата e-mail адреса или лична порака на Messenger,  не во групата за 7-мо одделение Информатика,  и не чекајте до недела 10 мај за консултации.

Tuesday, May 5, 2020

8 одделение Програмирање Примери на посложени алгоритми и програми

За да можеме да креираме програми за посложени проблемски ситуации со примена на низа,
на пример подредување на вредности на членови во низа со нумерички вредности, наоѓање максимална, минимална вредност или конкретна вредност меѓу членовите во низа,
во текот на оваа работна седмица подетално ќе ги обработиме блоковите за низа.

Напомена
Ова е само дел од блоковите кои ќе ги работиме на онлајн часовите по наставниот предмет Програмирање од среда 6.5.2020 до петок 8.5.2020 година.

Monday, May 4, 2020

7 одделение Резиме на поминатите блокови

За да можеме да направиме аркадна мултимедијална игра со 2 играчи и со повеќе нивоа на тежина, првин ќе направиме кратко резиме на поминатиот наставен материјал во тековната наставна тема.

6 одделение Аудиозапис и видеозапис во презентација

За да нашата презентација е мултимедијална презентација, додаваме аудиозапис и видеозапис во неа.

Во програмата MS PowerPoint

Во програмата OO.o Impress
Постапката за вметнување видеозапис во презентација е иста, само што сега бираме со клик на него, видеозапис, а не аудиозапис.

Домашна задача

За учениците кои сакаат повеќе да научат