Thursday, October 14, 2021

Го одбележуваме нашиот патронен празник

 Денес, 14 октомври 2021, го одбележуваме патрониот празник на нашето училиште ООУ “Магдалена Антова“ н. Карпош - Куманово.

По тој повод нашето училиште, почитувајќи ги здравствените протоколи, наместо со вообичаената приредба, изготви презентација за учебната 2020/2021 година во ООУ “Магдалена Антова“.

Овде ќе поставам само линк до краткото видео од презентацијата, во кое нема да има преглед на целоснатата содржина на секој слајд со сите зададени анимациски ефекти.

https://www.youtube.com/watch?v=LmK9SzgBPoY

Tuesday, June 9, 2020

Информација за 6 одделение Информатика

Драги ученици од 6 одделение, оценка за денес испратените презентации за Интернет, утре во посочениот термин за Вашиот онлајн час по Информатика во Вашата група за Информатика.

Monday, June 8, 2020

Информација за 8 одделение Програмирање

Драги ученици од 8 одделение, ќе имаме консултации утре вторник, 9 јуни 2020 година, во 15:00 во Вашата група за Програмирање.

Thursday, June 4, 2020

Важна информација за 6 одделение Информатика

Драги ученици од 6 одделение кои бевте отсутни на денешните консултации, во Вашата група денес поставив важно Известување, прочитајте го и погледнете ја табелата со резултатите од Квизот на 29 мај и 1 јуни 2020 година и неговата надокнада на 2 јуни и 3 јуни 2020 година.

Wednesday, June 3, 2020

8 одделение Програмирање За успешно програмирање во С++

Драги ученици од 8 одделение, доколку сакате да ги проширите стекнатите вештини во програмирање, Ви ја препорачувам електронската платформа mendo.mk, на која покрај деталните туториали имате и опции за тренинг и проверка на стекнатите вештини во програмирање во програмскиот јазик С++.