Драги ученици, заради актуелната ситуација, а со цел одржување континуитет барем во електронска форма на настава по наставниот предмет Информатика во нашето училиште, ќе го користиме претежно блогов за презентирање на новиот наставен материјал по наставниот предмет Информатика во 6-то и 7-мо одделение и изборниот предмет Програмирање во 8-мо одделение.
Најпрвин сакам да разјасниме дека ваквиот електронски облик на настава е со порелаксирана форма од редовната форма на настава, што значи слободно барајте дообјаснување на изложениот наставен материјал како во веќе поставените постови, така и во идните постови, преку опцијата коментар на пост или преку порака до мојата електронска адреса bogatinovskairena@gmail.com на која можете и да ги испраќате вашите програми во програмскиот јазик Scratch.
Во претстојната седмица 23.3.2020-27.3.2020 година, ќе направиме резиме на веќе поминатиот наставен материјал, Ве молам детално прочитајте ги веќе поставените постови за програмскиот јазик Scratch, за да можете успешно да го одговорите прашалникот кој што ќе го поставам во следниот пост деновиве.
Како што веќе е напоменато на редовните часови, за успешно совладување на наставниот материјал неопходно е да го инсталирате Scratch на домашниот компјутер (веќе има пост со упатство од каде и како да го инсталирате).
Ги очекувам Вашите коментари и пораки.
Friday, March 20, 2020
Thursday, March 19, 2020
Поздрав до учениците
Драги ученици, заради актуелната ситуација и зголемената меѓусебна електронска комуникација меѓу Вас и мене како ваш професор по информатика, покрај блогов можете да ме контактирате и на електронска адреса bogatinovskairena@gmail.com и мојот активен профил на Facebook.
Ве молам, почитувајте ги препораките од надлежните институции и седете дома.
Ве молам, почитувајте ги препораките од надлежните институции и седете дома.
Friday, March 22, 2019
Информцијаз VII оделение
ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ
· Формулите се математички изрази во кои се користат броеви, адреси на ќелии (клетки) и математички симболи (+,-,*,/ и др.).
· Функции се готови формули кои имаат име.
На пример SUM, MIN, MAX, Average.
Пред формулите и функциите кои се внесуваат во ќелија (клетка) мора да се впише знакот =.
Во спротивно запишаниот израз ќе биде обичен текст.
Со промена на вредноста во ќелии (клетки) се менува и вредноста на формулите и функциите во кои се користат тие ќелии (клетки).
Тоа се вика ДИНАМИЧКО табеларно пресметување.
Пример за формула: =2*А3-(4*В12)
Пример за функција: =MAX(А2,А3,В1:В10)
На пример SUM, MIN, MAX, Average.
Пред формулите и функциите кои се внесуваат во ќелија (клетка) мора да се впише знакот =.
Во спротивно запишаниот израз ќе биде обичен текст.
Со промена на вредноста во ќелии (клетки) се менува и вредноста на формулите и функциите во кои се користат тие ќелии (клетки).
Тоа се вика ДИНАМИЧКО табеларно пресметување.
Пример за формула: =2*А3-(4*В12)
Пример за функција: =MAX(А2,А3,В1:В10)
Saturday, February 16, 2019
Програмски јазик Скреч (Scratch)
Програмски јазик Скреч (Scratch) е визуелен виши
програмски јазик со кој се креираат интересни приказни, анимации, игри.
Скреч е и името за графичкото
опкружување за развој и публикување на програмите пишувани со програмски јазик Скреч.
Програмирањето во Скреч се базира врз правење на проекти со помош на објекти, наречени
фигури.
Посетете ја URL-адресата
за да најдете потребни материјали за програмски јазик Скреч (инсталационен file, online-креирање програми во програмски јазик Скреч, готови програми во програмски јазик Скреч и разни туториали за програмски јазик Скреч).
Subscribe to:
Posts (Atom)
