Friday, March 20, 2020

Детална информација за учениците за наставниот предмет Информатика и Програмирање

Драги ученици, заради актуелната ситуација, а со цел одржување континуитет барем во електронска форма на настава по наставниот предмет Информатика во нашето училиште, ќе го користиме претежно блогов за презентирање на новиот наставен материјал по наставниот предмет Информатика во 6-то и 7-мо одделение и изборниот предмет Програмирање во 8-мо одделение.
Најпрвин сакам да разјасниме дека ваквиот електронски облик на настава е со порелаксирана форма од редовната форма на настава, што значи слободно барајте дообјаснување на изложениот наставен материјал како во веќе поставените постови, така и во идните постови,  преку опцијата коментар на пост или преку порака до мојата електронска адреса bogatinovskairena@gmail.com на која можете и да ги испраќате вашите програми во програмскиот јазик Scratch.
Во претстојната седмица 23.3.2020-27.3.2020 година, ќе направиме резиме на веќе поминатиот наставен материјал, Ве молам детално прочитајте ги веќе поставените постови за програмскиот јазик Scratch, за да можете успешно да го одговорите прашалникот кој што ќе го поставам во следниот пост деновиве.
Како што веќе е напоменато на редовните часови, за успешно совладување на наставниот материјал неопходно е да го инсталирате Scratch на домашниот компјутер (веќе има пост со упатство од каде и како да го инсталирате).
Ги очекувам Вашите коментари и пораки.

No comments:

Post a Comment