Saturday, March 21, 2020

Информација за 8-одделение за изборен предмет Програмирање

Драги ученици од 8-а, 8-б, 8-в, 8-г, формирајте заедничка група од сите 8-ми одделенија на Messenger на Facebook и додате ме и мене како ваш професор по Програмирање, но за подетална електронска комуникација се блогов и мојата електронска адреса bogatinovskairena@gmail.com, затоа што наставните содржини за Програмирање ќе ги поставувам како постови на блогов, Вашите програми можете само да ми ги испраќате на погоре посочената електронска адреса.
Упатство за претстојнава седмица 23.3.2020-27.3.2020
Како утврдување на тековната наставна тема, Ве молам креирајте интерактивна програма во програмски јазик Scratch која со примена на графика желка (примена на блоковите од категорија Молив и само досега изучените блокови од другите категории) да испише во одредена боја во Етапа Ваши иницијали.
На пример, за ученикот Марковска Јана да испише М Ј.
Програмата испратете ја на електронската адреса bogatinovskairena@gmail.com најдоцна до понеделник 30.3.2020 г.
За било какво дообјаснување на задачава поставете коментар на постов или испратете порака на погоре посочената електронска адреса.

Friday, March 20, 2020

Детална информација за учениците за наставниот предмет Информатика и Програмирање

Драги ученици, заради актуелната ситуација, а со цел одржување континуитет барем во електронска форма на настава по наставниот предмет Информатика во нашето училиште, ќе го користиме претежно блогов за презентирање на новиот наставен материјал по наставниот предмет Информатика во 6-то и 7-мо одделение и изборниот предмет Програмирање во 8-мо одделение.
Најпрвин сакам да разјасниме дека ваквиот електронски облик на настава е со порелаксирана форма од редовната форма на настава, што значи слободно барајте дообјаснување на изложениот наставен материјал како во веќе поставените постови, така и во идните постови,  преку опцијата коментар на пост или преку порака до мојата електронска адреса bogatinovskairena@gmail.com на која можете и да ги испраќате вашите програми во програмскиот јазик Scratch.
Во претстојната седмица 23.3.2020-27.3.2020 година, ќе направиме резиме на веќе поминатиот наставен материјал, Ве молам детално прочитајте ги веќе поставените постови за програмскиот јазик Scratch, за да можете успешно да го одговорите прашалникот кој што ќе го поставам во следниот пост деновиве.
Како што веќе е напоменато на редовните часови, за успешно совладување на наставниот материјал неопходно е да го инсталирате Scratch на домашниот компјутер (веќе има пост со упатство од каде и како да го инсталирате).
Ги очекувам Вашите коментари и пораки.

Thursday, March 19, 2020

Поздрав до учениците

Драги ученици, заради актуелната ситуација и зголемената меѓусебна електронска комуникација меѓу Вас и мене како ваш професор по информатика, покрај блогов можете да ме контактирате и на електронска адреса bogatinovskairena@gmail.com и мојот активен профил на Facebook.
Ве молам, почитувајте ги препораките од надлежните институции и седете дома.

Friday, March 22, 2019

IDE на програмски јазик Scratch

Интегрирана околина на програмскиот јазик Scratch


Информцијаз VII оделение

ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ
·       Формулите се математички изрази во кои се користат броеви, адреси на ќелии (клетки) и математички симболи (+,-,*,/ и др.).
·       Функции се готови формули кои имаат име.
На пример SUM, MIN, MAX, Average.
Пред формулите и функциите кои се внесуваат во ќелија (клетка) мора да се впише знакот =.
Во спротивно запишаниот израз ќе биде обичен текст.
Со промена на вредноста во ќелии (клетки) се менува и вредноста на формулите и функциите во кои се користат тие ќелии (клетки). 
Тоа се вика ДИНАМИЧКО табеларно пресметување.
Пример за формула: =2*А3-(4*В12)
Пример за функција: =MAX(А2,А3,В1:В10)