Tuesday, March 24, 2020

За 6 и 7 одделение Примена на променливи во програма

За полесно резиме на веќе поминатиот наставен материјал за креирање и примена на променливи и негово дополнување со нови блокови, следува пример на кратка програма со променливи и соодветна задача за 6-то одделение.

Задача за 7-мо одделение:
Програмата за горната задача за 6-то одделение треба да се креира со 4 фигури, по ваш избор од која категорија и со кое име, креирате 6 променливи така што број1 и број2 се за сите фигури, а збир, Производ, Разлика, Количник се само за по една од 4-те фигури и со соодветната програма за таа фигура се пресметува и прикажува бараниот збир или производ или разлика или количник. 
Размислете блоковите за интеракција за внесување на двата броја кај колку и кои фигури ќе ги има.

Monday, March 23, 2020

Saturday, March 21, 2020

Информација за 6-то одделение

Драги ученици од 6-а, 6-б, 6-в, 6-г, најпрвин едно огромно БРАВО за меѓусебната електронска комуникација.
Ве молам, формирајте заедничка група од сите 6-ти одделенија на Messenger на Facebook и додате ме и мене како ваш професор по Информатика, но за подетална електронска комуникација остануваат блогов и мојата електронска адреса bogatinovskairena@gmail.com, затоа што наставните содржини за Информатика ќе ги поставувам како постови на блогов, а Вие Вашите програми креирани во програмски јазик Scratch од следната седмица ќе можете да ги испратите на погоре посочената електронска адреса, како што беше пракса и досега.
До понеделник 23.3.2020 година имате Домашна задача да го повторите и утврдите поминатиот наставен материјал во тековната наставна тема за да точно го одговорите прашалникот кој што ќе го поставам во следниот пост во понеделник 23.3.2020 г.

Информација за 7-мо одделение

Драги ученици-Информатичари од 7-а, 7-б, 7-в, 7-г, формирајте заедничка група од сите 7-ми одделенија на Messenger на Facebook и додате ме и мене како ваш професор по Информатика, но за подетална електронска комуникација остануваат блогов и мојата електронска адреса bogatinovskairena@gmail.com, затоа што наставните содржини за Информатика ќе ги поставувам како постови на блогов, а Вие Вашите програми креирани во програмски јазик Scratch ќе можете да ги испратите на погоре посочената електронска адреса, како што беше пракса и досега.
За понеделник 23.3.2020 година имате домашна задача да го повторите и утврдите поминатиот наставен материјал во тековната наставна тема и да креирате кратка интерактивна програма во програмски јазик Scratch со досега изучените блокови и барем 2 фигури од кои барем една има и користи 2 маски. Вашата програма испратете ја на погоре посочената електронска адреса најдоцна до понеделник 30.3.2020 г.

Информација за 8-одделение за изборен предмет Програмирање

Драги ученици од 8-а, 8-б, 8-в, 8-г, формирајте заедничка група од сите 8-ми одделенија на Messenger на Facebook и додате ме и мене како ваш професор по Програмирање, но за подетална електронска комуникација се блогов и мојата електронска адреса bogatinovskairena@gmail.com, затоа што наставните содржини за Програмирање ќе ги поставувам како постови на блогов, Вашите програми можете само да ми ги испраќате на погоре посочената електронска адреса.
Упатство за претстојнава седмица 23.3.2020-27.3.2020
Како утврдување на тековната наставна тема, Ве молам креирајте интерактивна програма во програмски јазик Scratch која со примена на графика желка (примена на блоковите од категорија Молив и само досега изучените блокови од другите категории) да испише во одредена боја во Етапа Ваши иницијали.
На пример, за ученикот Марковска Јана да испише М Ј.
Програмата испратете ја на електронската адреса bogatinovskairena@gmail.com најдоцна до понеделник 30.3.2020 г.
За било какво дообјаснување на задачава поставете коментар на постов или испратете порака на погоре посочената електронска адреса.