Wednesday, March 25, 2020

Важна информација за 8-мо одделение Програмирање

Учениците кои имаат проблеми при креирање на бараната програма за испис на своите иницијали, наместо да креираат програма на својот компјутер, може да креираат програма on-line на scratch.mit.edu и да ја сликаат готовата програма и нејзината слика да ја испратат на мојата електронска адреса bogatinovskairena@gmail.com или да ја прикажат утре при електронската комуникација во групата за 8-мо одделение Програмирање на Messenger во 13 часот. 
Во петок на блогов ќе поставам нова задача за следната седмица 30.3.2020-3.4.2020 г.

Tuesday, March 24, 2020

Важна информација за сите ученици

Драги ученици, користете ја електронската платформа за учење www.eduino.gov.mk, преку видео лекции за секој наставен предмет за Вашето одделение.

Информација за 6 и 7 одделение Информатика

Ви благодарам за активноста и испратените програми и честата меѓусебна електронска комуникација.
Ве молам сите кои сте во можност бидете активни во својата група на Messenger денес во 13 часот. Заради големиот број коментари (иако не се публикувани и не се гледаат под постот каде ги поставувате, јас ги добивам и читам) најдобро е преку Messenger да ги разгледаме, заедно on-line, сите Ваши коментари,  отколку секому поединечно да испратам порака.

За 6 и 7 одделение Примена на променливи во програма

За полесно резиме на веќе поминатиот наставен материјал за креирање и примена на променливи и негово дополнување со нови блокови, следува пример на кратка програма со променливи и соодветна задача за 6-то одделение.

Задача за 7-мо одделение:
Програмата за горната задача за 6-то одделение треба да се креира со 4 фигури, по ваш избор од која категорија и со кое име, креирате 6 променливи така што број1 и број2 се за сите фигури, а збир, Производ, Разлика, Количник се само за по една од 4-те фигури и со соодветната програма за таа фигура се пресметува и прикажува бараниот збир или производ или разлика или количник. 
Размислете блоковите за интеракција за внесување на двата броја кај колку и кои фигури ќе ги има.

Monday, March 23, 2020