Tuesday, March 31, 2020

Програми со циклус за 6 и 7 одделение Информатика

За целосно усвојување на структурата за повторување циклус и функцијата на применетите блокови

Следуваат неколку примери:






Напомена 
Двете погорни задачи треба да се препишат и одговорат во тетратката по Информатика.

Програма за 8-мо одделение Програмирање

Драги ученици од 8-одделение, како завршница на наставната тема 10 Примени во графичко програмирање и желка-графика, приложувам програма за Вашата оценка за сите изработени и испратени програми од зададените задачи. 
Намерно не Ви ја поставувам програмата, туку нејзин приказ за да Ве мотивирам да ја сами креирате и извршите. 
Коментарите може да ги испратите на e-mail или при on-line комуникација во групата за Програмирање на Messenger.



Monday, March 30, 2020

Детална информација за Домашна на задача за 7-мо одделение Информатика

Драги ученици од 7-мо одделение, Домашната задача која е детално прикажана во постот од петок 27.3.2020 година, треба да се препише и одговори во Вашата тетратка по Информатика до понеделник 6.4.2020.

Saturday, March 28, 2020

Информација за 6б одделение

Драги ученици во нашата група 6b на Messenger вчера попладне е поставена задача од професор Никола по техничко образование, обавезно прочитајте ја и решете ја во посочениот временски рок.
Доколку има некаков проблем за нејзино гледање контактирајте ме мене или соученичка Бисера на која што посочената задача ја испратив на mail.
Потсетување
Закажана е средба со Вас и мене како Ваш одделенски раководител во понеделник 30.3.2020 година во 16 часот. Обавезно да бидете сите активни во групата 6b во 16 часот.

Friday, March 27, 2020

Важна информација и задача за 8-одделение Програмирање

Како завршна проверка на наставниот материјал во тековната тема 10 Примени во графичко програмирање и желка-графика воедно и вовед во следната наставна тема 11 Потпрограми, имате домашна задача да креирате програма во програмски јазик Scratch со 4 фигури, по ваш избор од која категорија и со кое име именувани, кои во Етапа ќе прикажат-нацртаат, со примена на графика желка, број
 2 0 2 0
Совет
Бројките може и дигитално да се прикажат, на пример 
цифрата 2 може да се прикаже и со споени надесно хоризонтална отсечка, коса, надолу и налево, отсечка, надесно хоризонтална отсечка,
а цифрата 0 може да се прикаже како вертикален правоаголник [].
Готовата програма или нејзина слика, до вторник 31.3.2020 година, испратете ја со Вашето презиме, име, одделение на мојата електронска адреса bogatinovskairena@gmail.com.