Monday, April 6, 2020

Задача за 7-мо одделение Информатика

Според поставениот наставен материјал во постовите 
~Пример на мала компјутерска игра со тајмер од 2.4.2020
~Објаснување за блоковите за тајмер од 3.4.2020
~Блокови за порака од 4.4.2020
секој ученик од 7-мо одделение има за задача до 13.4.2020 година да креира програма во програмски јазик Scratch како мала компјутерска игра со тајмер и порака.
Програмата треба да има 3 фигури од категорија Животни, при што секоја фигура има 2 или 3 маски, прва фигура која ќе ја именувате Плен постојано се движи во Етапа и е следена-ловена од втора фигура која ќе ја именувате Ловец која што Вие ја движите со глувче во Етапа со цел во време од 40 секунди колку што е можно повеќе пати да ја допре фигурата Плен, а третата фигура која што ја именувате Спасител се појавува кога ќе ја добие пораката Спас испратена од фигура Плен, дотогаш не е видлива во Етапа и со примена на циклус и промена на своите маски кажува пораки до фигурата Плен и Ловец.
Пораката Спас ја испраќа фигурата Плен по истекување на предвидените 40 секунди за ловење на фигура Плен од фигура Ловец.
Напомени
Не ги користете истите фигури од програмите во горе посочените постови.
Готовата програма или нејзина слика испратете ја на мојата email адреса или во групата на Messenger најдоцна до 13.4.2020.

No comments:

Post a Comment