Thursday, April 9, 2020

8-мо одделение Програмирање Настани за позадина на Етапа

За да креираме игра со различни нивоа на тежина со различни мапи, за секое ниво посебна мапа, треба првин да креираме барем 2 позадини за Етапа.
Кратко резиме за боење и уредување на основната бела позадина.













Задача
Најдоцна до среда 15 април 2020 година креирајте програма со 3 различни позадини, користете само боење и впишување текст во основната бела позадина на Етапа која што ќе ја ископирате уште 2 пати и за секоја позадина креирајте кратка програмска скрипта со примена на еден од блоковите за настани и барем 2 блока од категорија Погледи, на пример штом притиснете тастер 5 ќе се прикаже првата позадина со впишан текст за почеток на играта и ќе ја менува бојата, штом притиснете тастер Space ќе се прикаже втората позадина која што ќе менува ефект на мозаик, а штом притиснете тастер стрелка нагоре ќе се прикаже третата позадина со впишан текст за крај на играта која што ќе менува визуелен ефект на поместување пиксели.

No comments:

Post a Comment