Wednesday, April 1, 2020

8-одделение Програмирање Потпрограми

Имплементација и примена на потпрограми
Потпрограма е дел од програмата кој се состои од низа наредби со кои се извршува одредена активност.
Пишувањето потпрограми во склоп на една програма се препорачува заради:
-Помала должина (големина) на програмата
-Поедноставно пишување на програмата 
-Полесно и подетално разбирање на програмата
Во програмскиот јазик Scratch програмскиот код за секоја фигура во програмата може да се разгледува како потпрограма во главната програма.
За да успешно креираме програма (главна програма) со потпрограми треба програмата да користи барем 2 фигури и секоја фигура да има свој програмски код кој што ќе претставува соодветна потпрограма во главната програма.
Во досегашните програми пракса беше да креираме програма со повеќе од една фигура и за секоја фигура креиравме соодветен програмски код.
За подетално запознавање со концептот потпрограма во главна програма ќе ги користиме блоковите за порака од категорија Контрола со кои подетално ќе Ве запознам во следниот пост. Засега овој пост е доволен за почетно запознавање со поимот потпрограма.
За размислување 
Една програма користи 3 фигури маче Том, куче Лајко, змеј Змејко со посебни програмски код за секоја фигура и вкупно 4 променливи од кои една глобална променлива Број за сите фигури, а три променливи Збир, Разлика, Производ се локални променливи по една локална променлива за секоја од 3-те различни фигури.
 Секоја потпрограма колку и кои променливи ќе ги користи од посочените 4 променливи?

No comments:

Post a Comment